Чествување на заштитникот на Битола- Свети Нектариј

18.12.2018 14:55

Битолчани 17-та година по ред го чествуваат заштитникот на градот, Преподобниот Св. Нектариј Битолски. Митроплоитот г. Петар порача- младите да се огледаат на неговото дело, а со тоа и да ги вратиме христијанските вредности кај нив...

Со утринска света божествана литургија и литија, битолчани седумнаесетта година по ред официјлно го чествуваат заштитникот на градот, преподобниот Св. Нектариј Битолски.Тој уште во најраната младост ја напуштил Битола, не за да ја заборави, туку напротив, да ѝ се посвети и да се моли за нејзино спасение. Достоен пример да чекориме по патот на подвигот кој тој го имал- велат граѓаните .

„Се молиме дел од неговите свети мошти кои се наоѓаат во Кареја да дојдат и кај нас еден ден, па да можеме подостоинствено да го чествуваме овој ден. Но, додека чекаме, мислам дека време е да се изгради една црква како негов дом“, вели професорот по етика во религијата, Драги Анастасовски.

„Ден кога чествуваме, но и треба да се потсетиме дека љубовта е онаа само која може да не води, и само со неа може сите заедно да успееме“, вели градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Митроплолитот г. Петар, во својата беседа порача дека тоа е лик и дело преку кој можеме да ги запазиме вредностите, посебно кај младите, односно да направиме превреднување на вредностите во време кога сите пороци се сѐ попрусутни. Владиката е оптимист дека по предавањето на томасот за автокефалност на Украинската црква, следна на списокот на Вселенската патријаршија е МПЦ.

„Ние ги исполнуваме сите услови и само со поткрепа на мајката црква на православието, Вселенската патријаршија, а од таму сигналите се веќе јасни и конкретни дека по давањето на томасот на Украинската православна црква, следна на ред е нашата православна црква“, вели митрополитот г. Петар.

Владиката очекува дека таа како првопрестолна црква на сите помесни православни цркви, со вистински очи ќе погледне на нашата црква, која идната години полни 60 години од возобновувањето на Охридската Архиекископија.

Стевче Митревски