Помирување

Усогласен Законот за амнестија

18.12.2018 15:02

Телото за помирување го усогласи текстот на Законот за амнестија. Не важи за организаторите, за оние кои напаѓале или носеле оружје. Барање ќе треба да се поднесе пет дена од стапувањето во сила на решението...

Телото за помирување го усогласи текстот на Законот за амнестија. Со него нема да бидат опфатени организаторите, оние кои носеле оружје, службените лица кои сториле кривично дело, како и оние кои физички ги нападнале пратениците.

Како што изјавија копретседавачите со ова тело, Законот за амнестија ќе важи пет дена. Оние кои сакаат да бидат амнестирани ќе мораат да поднесат барање за амнестија во рок од пет дена од стапувањето на сила на Законот.

Од ВМРО- ДПМНЕ, пак, велат дека пратеничката група ќе го разгледа предлог- законот за амнестија и потоа ќе одлучи како ќе постапи.

„Ние сме против селективна правда“, порачаа од опозициската партија.

Се очекува Предлог- законот за амнестија да биде изгласан пред да биде донесена пресуда од судот.

 

Игор Панов