Економија

Бектеши: Законот за трговија на зелените пазари ќе стапи во сила на први јануари

18.12.2018 15:53

Иако најави дека неделава ќе има средба со пазарџиите околу нивните забелешки и предлози, министерот Бектеши уверува, две недели не се доволни за да се направи корекција...

И покрај барањата на Комората да се одложи, новиот Закон за трговија на зелените пазари ќе стапи во сила на први јануари. Иако најави дека неделава ќе има средба со пазарџиите околу нивните забелешки и предлози, министерот Бектеши уверува, две недели не се доволни за да се направи корекција.

Комората реагира дека со новите корекции на регулативата и неможноста вработени и пензионери да бидат продавачи на пазарите, пазарот ќе опадне за 30 насто, а закупците ќе се оптоварат со нови давачи. Од Министерството велат, ако бидат констатирани недоследности, ќе се најде заедничко решение со законски измени.

Од Министереството реагираат дека Законот кој треба да почне да се применува од Нова година, иако бил на почетокот на тековната, на само две недели пред примената ги добиле забелешките и предлози на Комората која е формирана во април годинава.

Допонителен проблем на пазарџиите им создава и воведувањето на легитимации за закуп на тезги. Од Комората тврдат дека подзаконските акти не биле навреме донесени и ги немале дефинирани услови како ќе изгледаат лиценците за вршење дејност, а за нив неприфатливо е да ги издава само една од трите комори.

Сузана Фиданска- Стоевска