Јавна дебата: Името е татковина, а јазикот душа на Македонците
Сотир Костов рече дека тој и другите организации нема да дозволат 80 пратеници да ги променат името на државата и македонскиот код. За дипломатот Никовски, се спроведува сценарио за уривање на Македонија одвнатре.

Уставните амандмани, наместо лек за подобар уставен, политички и економски систем, демократија и стабилност, се најголемото зло, бидејќи ни ги одземаат името и идентитетот- рекоа учесниците на јавната трибина „Името е татковината“.
Сотир Костов рече дека тој и другите организации нема да дозволат 80 пратеници да ги променат името на државата и македонскиот код. За дипломатот Никовски, се спроведува сценарио за уривање на Македонија одвнатре.
Од Македонскиот манифест сметаат дека Договорот од Преспа претставува геноцид врз македонскиот народ.
Јавната трибина Македонија: „Името е татковина, а јазикот душа на Македонците“ е во организација на Инстутот за стратегии, истражувања и анализи „Сиа Виста“.
Викторија Милевска
