УНГАРИЈА
Протестите против Орбан продолжуваат по празниците
19.12.2018 11:12
Околу 150 до 200 луѓе синоќа повторно се собраа пред унгарскиот Парламент, во споредба со претходната вечер кога околу 2.000 луѓе се судрија со полицијата при што еден од опозициските пратеници заврши в болница.

Протестите против измените на законот за труд во Унгарија се намалија после шест дена, а опозициските пратеници соопштија дека ќе продолжат по Божиќните празници.
Околу 150 до 200 луѓе синоќа повторно се собраа пред унгарскиот Парламент, во споредба со претходната вечер кога околу 2.000 луѓе се судрија со полицијата при што еден од опозициските пратеници заврши в болница.
Демонстрантите најавија дека се планираат „акции за граѓанска непослушност, блокади на патишта и демонстрации“.
