Почна пријавувањето за субвенции во рибарството

19.12.2018 11:15

Почна пријавувањето за субвенции во рибарството, а аплицирањето ќе трае до 27-ми декември годинава. Парите можат да се добијат за произведена или продадена риба како и за порибување на рибниците. Поголема финансиска поддршка ќе добиваат помалите капаците, а за поголемите таа скалесто се намалува...

До 27- ми декември, сите субјекти кои произвеле или продале риба од сопствено производство на пазарите, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка.

Парите може да ги добијат сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви февруари до 30- ти септември годинава или пак произведената риба во рибниците ја продале од 1- ви ноември 2017- та година до 31- ви октомври годинава.

До 300.000 денари или 40 проценти од вредноста по корисник може да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.

Субвенции можат да добијат и субјектите кои произвеле и продале риба на пазарите а кои во периодот од декември 2017- та до декември годинава немаат увезено жива риба. Износот на субвенциите се пресметува скалесто во зависност од капацитетот на рибникот.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, документите може да ги достават лично во платежната Агенцијаили преку пошта.

 

Методија Трајков