Брисел
Могерини организира состанок со лидерите на Западен Балкан
19.12.2018 11:18
На средбата предвидено е да учествуваат премиерите на Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Заев и Денис Звиздиќ, како и претседателите на Србија, на Црна Гора и на Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, во Брисел ќе организира состанок со лидерите на Западен Балкан.
На средбата предвидено е да учествуваат премиерите на Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Заев и Денис Звиздиќ, како и претседателите на Србија, на Црна Гора и на Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи.
Сѐ уште нема потврда дали на состанокот ќе присуствува и албанскиот премиер Еди Рама.
