Финална фаза од измените на највисокиот правен акт
Седум амандмани на Уставниот закон. ВМРО-ДПМНЕ не учествува во комисиската расправата. Велат- Собранието нема легитимитет за измени на највисокиот правен акт...
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата и најавија- нема да учествуваат во работата на Комисијата на која се расправа за уставните амандмани затоа што расправата ја сметаат за фарса. Според нив, Собранието нема легитимитет да носи одлуки кои се спротивни на вољата на граѓаните искажана на референдум. Одлуката, велат, е донесена во консултација со извршниот комитет на партијата.
Шефот на дипломатијата и потписник на договорот од Преспа, Никола Димитров, ги образложи заклучоците од јавните дебати. Повтори – со спогодбата се потврдува идентитетот, се решава деценискиот спор со Грција и се отвора евроатлантската перспектива за Македонија.
Спроведувањето на измените на највисокиот правен акт ќе се гарантира со уставен закон. Предложени се седум амандмани. Три од независната пратеничка група на ВМРО –ДПМНЕ, два од Алијансата на Албанците, по еден од БЕСА и од пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.
Во дел од поднесените амандмани се бара да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани, односно неопределување, ниту прејудицирање на етничката припадност на граѓаните. Со амандманите се бара и да се вметнат постојните граници на Македонија со соседите, а независните пратеници бараат да се вметнат и гаранции со цел да се осигура позицијата на Република Македонија во спроведувањето на преспанскиот договор и протоколот за НАТО.
Анита Димитријевска
