Кошарка – НБА

Чест за Ајверсон, 13-ти пораз за Филаделфија

02.03.2014 15:08

Филаделфија игра една од своите најлоши сезони и е во црна серија од 13 порази, но барем пред почетокот на дуелот со Вашингтон навивачите на „Севентисиксерс“ кои конечно ја наполнија салата имаа малку причина за радост или поточно за сеќавања на убавите времиња. Откако одигра 11 сезони и во 2001-ва ја однесе Филаделфија во големото финале против Лејкерс, веќе пензионираниот Ален Ајверсон ја доживеа честа неговиот дерс со број 3 да биде повлечен.

Филаделфија игра една од своите најлоши сезони и е во црна серија од 13 порази, но барем пред почетокот на дуелот со Вашингтон навивачите на „Севентисиксерс“ кои конечно ја наполнија салата имаа малку причина за радост или поточно за сеќавања на убавите времиња. Откако одигра 11 сезони и во 2001-ва ја однесе Филаделфија во големото финале против Лејкерс, веќе пензионираниот Ален Ајверсон ја доживеа честа неговиот дерс со број 3 да биде повлечен. Во неговата поентерска улога ноќеска беше кошаркарот на Вашингтон Тревор Ариза кој постигна 40 кошеви, погодувајќи ги сите шест тројки во последниот период или осум од 12 обиди. „Визардс“ славеа со 122:103 и се во ритам од шест триумфи.

Шампионот Мајами рутински ја одработи обврската со Орландо со 112:98. Во седмата победа по ред Леброн Џејмс вгради 20 поени, девет скока и седум аситенции, Двејн Вејд беше најефикасен со 24 коша, а Крис Бош уфрли 17.

Екипата со најдобар ефект во моментов Индијана (45-13) се намачи на гостувањео кај Бостон, но славеше со 102:97.  Пол Џорџ ги постигна 10-те од последните 12 поени за „Пејсерс“ и собра вкупно 25.

Клиперс се во серија од четири триумфи затоа што го демолираа Њу Орлеанс со 108:76. Крис Пол реализираше 21 поен и осум додавања за кош.

Портланд врза пет триумфи откако беше подобар од Денвер со 102: 96. Најефикасен со 18 поени беше Робин Лопез, а на првиот меч по паузата поради повреда најдобриот кошаркар на „Трејлблејзерс“ ЛаМаркус Олдриџ постигна 16 коша.

Најзаслужни за победата на Хјустон против Детроит од 118:110 беа Теренс Џонс со 22 поена и 10 скока и Џејмс Харден со 20 коша и 12 асистенции.

Во победата на гости кај Сакраменто од 108:97 Минесота го имаше расположеното трио, Мартин 26, Лов 22, Пековиќ 20 поени.

Мемфис беше подобар од Лејкерс со 110:96 благодарение на 23 поени и 14-те скока на Рендолф.

Бруклин славеше на паркетот на Милвоки со 107:98. Најдобри поединци на мечот беа гостинските кошаркари,  Тортон со 25 поени и Блетч со 19 коша и 13 скока.

Резултати:

Мајами – Орландо                112:98

Филаделфија – Вашингтон  103:122

Бостон – Индијана                97:102

Хјустон – Детроит                118:110

Милвоки – Бруклин             98:107

Мемфис – Кливленд             110:96

Портланд – Денвер               102:96

Сакраменто – Минесота       97:108

Клиперс – Њу Орленас        108:76