САД: Финансиска помош за Централна Америка и за Мексико

19.12.2018 11:48

Целта е да се помогне во обезбедувањето поголема сигурност и можности за работа за да им се овозможи на централноамериканците да останат во своите земји, наместо да мигрираат.

САД ветија помош од 5,8 милијарди долари за зајакнување на економскиот развој во Централна Америка и 4,8 милијарди долари за развој на јужниот дел на Мексико.

Целта е да се помогне во обезбедувањето поголема сигурност и можности за работа за да им се овозможи на централноамериканците да останат во своите земји, наместо да мигрираат.

Не е познато дали Мексико за возврат ќе им дозволи на мигрантите кои бараат азил во САД да останат во земјата, додека се решаваат нивните барања.