Победа за крај на СЕХА 2018

19.12.2018 12:16

Конечните 30:31 ги постави Александар Шпенде, кој што во финишот беше прецизен од линијата за седум метри.

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург по втор пат победи сезонава во СЕХА лигата, на гостувањето беше совладана екипата на Извиѓач.

Конечните 30:31 ги постави Александар Шпенде, кој што во финишот беше прецизен од линијата за седум метри.

Освен против претставникот на БиХ, Металург оваа сезона во регионалното натпреварување славеше и во дуелот со Татран Прешов.

Следниот меч за екипата од Автокоманда е во во февруари, кога во Скопје доаѓа една од двете најдобри екипи сезонава, ППД Загреб.

Металург има 7 бода на претпоследната пзиција, пред Извиѓач со 1 освоен бод во досегашниот дел од сезоната. Вардар е лидер со 33 бода, пред ППД Загреб со идентичен број бодови.

Фото: seha-liga.com