МЗТ останува на втората позиција во АБА 2

19.12.2018 12:19

Иако играа без четворицата повредени, македонските кошаркари предводени од интернационалецот Андрија Бојиќ (35п., 11ск.) се изборија за важна победа.

Македонскиот вицепрвак ја регистрира третата последователна победа во регионалното натпреварување, со 73:92 на гостувањето кај Хелиос.

Иако играа без четворицата повредени, македонските кошаркари предводени од интернационалецот Андрија Бојиќ (35п., 11ск.) се изборија за важна победа.

Победата е позначајна ако се знае дека МЗТ Скопје играше со 6 играчи во текот на целиот натпревар, поради скратената ротација од повредите.

Следниот натпревар е гостувањето кај Борац во Чачак, екипа што беше совладана во Аеродром (82:57), но и тим што игра одлична кошарка и нема лесно да се предаде дома (26.12.2018).

Фото: Helios Suns/Gasper Papez