ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи протестен марш во Скопје

19.12.2018 12:25

Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило, велат од опозициската партија. Се бараат оставки од министрите за надворешни и за внатрешни работи Димитров и Спасовски и почитување на вољата на граѓаните искажана на референдумот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наместо денеска, протестниот марш во Скопје ќе го одржи утре попладне. Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени.

Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило, велат од опозициската партија. Се бараат оставки од министрите за надворешни и за внатрешни работи Димитров и Спасовски и почитување на вољата на граѓаните искажана на референдумот.

ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на зголемените даноци, доизградба на гасоводната мрежа, расчистување на скандалот со снимените разговори во Обвинителството.