Бошњаковски: Целта на Законот за амнестија е да се донесе помирување

19.12.2018 14:01

Од Владата велат дека е тоа во интерес на македонските евроатантски интеграции. Уште еднаш потврдено дека нема амнестија за организаторите и напаѓачите во Собранието.

Законот за амнестија ќе значи заокружување на процесот на помирување во општеството. Од Владата велат дека е тоа во интерес на македонските евроатантски интеграции. Уште еднаш потврдено дека нема амнестија за организаторите и напаѓачите во Собранието.

„Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема, ниту ќе има по која било основа. Целта на законот е да се донесе помирување меѓу највисокиот орган во државата или во Собранието“ изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Бошњаковски повтори дека нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале во насилство или сториле насилство на 27-ми април.