Товарен воз удри во автомобил, загина полицаец

19.12.2018 14:12

Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ, удрил во патничко моторно возило „Фолксваген венто“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Припадник на МВР, вработен во полициската станица Гази Баба, загина во железничка несреќа што се случи изутрината на преминот во скопската населба Хиподром.

Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ, удрил во патничко моторно возило „Фолксваген венто“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител.