Евроинтеграции

Дебата за македонските евроинтеграции, во фокус спогодбата од Преспа

19.12.2018 14:46

Универзитетски професори од Грција, Црна Гора, Хрватаска и Македонија ги споделија искуставата и придобивките од членството во ЕУ и НАТО. Акцентот на дебатата ставен на целосната импементација на Преспанскиот договор...

Неопходно е да покажеме волја, личен и институционален капацитет за спроведување на реформскиот процес, но и целосна имплементација на преспанскиот договор, порача деканот на Факултетот за безбедност на стручната расправа за евроатлантските интеграции. Вели, Македонија направи голем исчекор со донесувањето на законите од сферата на безбедноста, но според него сѐ уште има работа, пред почетокот на скрининг- процесот.

Грчкиот професор Сербос е оптимист дека договорот од Преспа ќе биде ратификуван од двете страни. Посочува- со изборите во Грција не би бил изненаден од популизам на партиите што се против спогодбата. Дециден е, договорот е добар не само за политичките елити, туку и за бизнисмените.

„Се надевам Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Тоа е историски исчекор не само за двете држави, туку и за обезбедување на стабилноста на целиот регион. Многу е корисен за двете наши земји. Ние сме ваш природен сојузник во овој процес и ќе воспоставиме стратешко партнерство, корисно за двете земји и регионот, што е клучен дел за стабилизација на Западниот Балкан“, изјави проф д-р Сотирис Сербос, Демократски универзитет на Тракија.

Споделени искуствата од Црна Гора за неопходноста од надминување на недостатоците и спроведување на реформите неопходни за влез во НАТО.

„Ќе зборувам какво беше искуството на Црна Гора во процесот на зачленувањето и која е главната корист од него. Најважно е надминувањето на слабостите во општеството, но, тоа со реформите се трансформира. Можеме да ви дадеме препораки за пристапните преговори со ЕУ. Бенефитите од членството се политички, безбедносни и економски“, вели проф. д-р Николета Ѓукановиќ, Универзитет Долна Горица- Подгорица.

Според научната фела, членството на Македонија во евроатлантските организации ќе донесе поголема соработка во регионот во сите сфери.

 

Наташа Гркова- Петрушевска