Прилеп го слави патронот на градот - Свети Никола
Со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп денеска го слави патронот на градот - Свети Никола. Домаќините, организаторите и прилепчани со желби и пораки за заедништво и одржување на традицијата...
По 13-ти пат организирано, прилепчани го прославуваат патронот на градот, Свети Никола. Стотици граѓани се придружија на заедничката посна трпеза во центарот на градот со пораки да се одржува традицијата, но и заедништвото.
Годинашните домаќини, семејството Јованоски, главен акцент велат на прославата, се хуманоста, добрата мисла и намерата секој секому да му помогне, како што е и одликата на Свети Никола, заштитникот на семејствата, на децата, на сиромашните.
За посната светиниколска трпеза беа приготвени околу 70.000 посни сарми, беа набавени 200 килограми грав, 350 килограми риба и околу 2.000 литри пијалаци.
Елизабета Митреска
