Кривичниот суд и Обвинителството го чекаат Законот за амнестија во Службен весник

19.12.2018 14:58

Откако Собранието експресно го изгласа Законот за амнестија, во Кривичниот суд и во Обвинителството чекаат да биде објавен во Службен весник за да знаат кого смеат, а кого не смеат да амнестираат. Обвинетите имаат пет дена да поднесат барање за амнестија. Законот испратен до претседателот Иванов...

Обвинетите за собраниските настани опфатени со Законот за амнестија имаат рок од пет дена да поднесат до судот барање. Адвокатот Еленко Миланов кој заастапува тројца од обвинетите вели – законот е контроверзен и ќе има проблеми во неговата имплементација.

Од СДСМ посочуваат дека со ваквото решение се прави еден чекор поблиску до помирувањето.  Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се против селективна правда и ќе продолжат да се борат за луѓето кои, според нив, се неправедно во притвор.

Од Владата повторуваат- нема да има амнестија за организаторите, за оние што учествувале или извршиле насилство во Собранието.

Од обвинителството засега не го коментираат законот. Чекаат да излезе во Службен весник.

 

Анита Димитријевска