Финансии

Државните хартии од вредност од 2019-та ќе котираат на берзата

19.12.2018 15:11

Се прави клучен исчекор кон развивање на пазарот на капитал. Од почетокот на идната година, државните хартии од вредност ќе котираат на берзата. Македонија во чекор со европските трендови. Министерот за финансии Тевдовски и директорот на Македонска берза Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници...

На Македонската берза од јануари следната година почнува котацијата на државните хартии од вредност. Ќе станат достапни за домашните инвеститори, преку заедничката регионална платформа, и до странските. Во првиот бран со веќе издадените 130 обврзници со номинална вредност од 900 милиони евра и каматма стапка од 5,3 проценти. Ќе се развие секундарниот пазар на капитал, ќе се зголеми понудата, ќе имаа поголема транспарентост на вредност- велат надлежните.

Годинава ја оценија како една од најуспешните во работата на македонската берза. Иако даночењето со стапка од 15 насто на капиталните добивки стартува од 2020-та, и според првиот човек Штериев сѐ уште е рано да се даде било каква оценка, сепак се очекува прогресвниот данок да влијае на одлуката на инвеститорите.

Со новите даночни реформи, за изготвување на годишните даночни пријави, Упрвата за јавни приходи ќе има увид само во приливот на банкарските сметки на граѓаните- уверудаат од Министерството за финансии. Злоупотреби на податоците нема да има, поврзувањето ќе биде софтверски.

Според Законот за банки, досега неколку државни институции можеа да направат увид во банкарските сметки на граѓаните за водење постапка, но по претходно писмено барање. Сега за прв пат, Управат за јавни приходи ја добива ова можност.

 

Сузана Фиданска- Стоевска