Дамаск

„Исламска држава“ убила 700 затвореници во источна Сирија

19.12.2018 15:14

Џихадистите контролираат мала територија источно од реката Еуфрат, во близина на градот Хаџин во кој овој месец влегоа сириските демократски сили поддржани од САД.

„Исламска држава“ во изминатите два месеци егзекутирала околу 700 затвореници во источна Сирија, што биле дел од околу 1.300 цивили и борци, уапсени на територија која се наоѓа во близина на границата со Ирак.

Џихадистите контролираат мала територија источно од реката Еуфрат, во близина на градот Хаџин во кој овој месец влегоа сириските демократски сили поддржани од САД.

Самопрогласениот Калифат на Исламска држава се распадна по офанзивите во Ирак и Сирија, но негови борци се уште дејствуваат во пустинските гранични региони меѓу двете земји и организираат напади.