Нови предлози за субвенционирање
Министерството за земјоделство ја подготвува новата програма за субвенционирање. Се предлагаат неколку измени односно зголемување на финансиската поддршка за оризот и за земјоделци кои ќе покажат развој на стопанството. Градинарите нема да мора да ја пријавуваат секоја култура поединечно туку само вкупната површина...

Дел од новините кои се предложени од Министерството за земјоделство се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата од сегашните 6.000 на 18.000 денари по хектар за сеење со несертифицирано сема, а за сертифицирано од 12.000 на 30.000 денари по хектар за и тоа за следната 2019 година.
Во градинарството, наместо секоја култура поединечно ќе се пријавува само збирната површина на засадените различни земјоделски култури.
Се намалува и критериумот за бараниот приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми по хектар за да можат повеќе земјоделци да ја искористат субвенцијата.
И следната година ќе се продолжи со зголемената финансиска поддршка од 20 кај растителното и 10 проценти кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.
Земјоделците ќе имаат на располагање директни субвенции во висина од 107 милиони евра.
Методија Трајков
