Годишна прес- конференција на Путин

20.12.2018 10:49

За настанот се акредитирани повеќе од 1.700 новинари од речиси сите руски региони, како и од Азија, Европа и Америка.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата традиционална годишна прес- конференција на која ќе одговара на прашања од различни теми.

За настанот се акредитирани повеќе од 1.700 новинари од речиси сите руски региони, како и од Азија, Европа и Америка.

Ова е 14-та прес- конференција на Путин откако дојде на власт во 2000 година. Се очекува годинава Путин да одговори на прашања за затегнатите Руско- американски односи, за односите со западот, кризата во Украина, економијата, зголемувањето на цените на комуналните услуги, непопуларната пензиска реформа.