Обвинение против бразилскиот претседател Мишел Темер
20.12.2018 12:12
Темер, кој си заминува од функцијата на 1-ви јануари, е под истрага поради наводно примање мито во 2017-та година за да одобри на две пристаништа да им се продолжат концесиите за 70 години.

Бразилското обвинителство поднесе обвинение против претседателот Мишел Темер поради корупција и перење пари кои беа откриени во истрага за доделување концесии за пристаништа.
Темер, кој си заминува од функцијата на 1-ви јануари, е под истрага поради наводно примање мито во 2017-та година за да одобри на две пристаништа да им се продолжат концесиите за 70 години.
На Темер може да му се суди додека е на претседателската функција само ако долниот дом на бразилскиот Конгрес изгласа да се дозволи судење.
