Се затвора градинката „Ташко Караџа“ поради епидемија на морбили

20.12.2018 12:46

Во оваа градинка од мали сипаници се заразени пет деца, ниту едно од нив не било вакцинирано. Заразен е и еден возрасен, роднина на едно од децата. Надлежните вчера прогласија епидемија.

Две недели градинката „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани нема да згрижува деца поради зголемениот број заболени од морбили. Овој период надлежните ќе го искористат за дезинфекција на објектот. Во оваа градинка од мали сипаници се заразени пет деца, ниту едно од нив не било вакцинирано. Заразен е и еден возрасен, роднина на едно од децата. Надлежните вчера прогласија епидемија.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека е направена вонредна дезинфекција на објектот. Состојбата ќе се следи. Надлежните апелираат децата редовно да ги вакцинираат, бидејќи во Скопје, опфатот е 78 проценти, а треба да биде над 95 насто.

Министерствто за труд и социјална политика ќе издаде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.