Албанија

Премиерот Рама нападнат со јајца

20.12.2018 13:42

Во моментот на нападот Рама имаше обраќање од говорницата. Веднаш потоа имаше судир меѓу пратениците и чуварите на редот.

Денешната седница на албанскиот Парламент беше накратко прекината, откако пратеникот на опозициската демократска партија, Ендри Хаша, го нападна премиерот Еди Рама со јајца.

Во моментот на нападот Рама имаше обраќање од говорницата. Веднаш потоа имаше судир меѓу пратениците и чуварите на редот.

Истовремено пред зградата на Парламентот се собраа голем број ученици и студенти кои веќе 16 ден протестираат во повеќе градови низ земјата. Тие бараат од премиерот да ги исполни нивните барања, кои главно се однесуваат на подобри услови за студирање.