Македонците се пласираа во следната фаза

20.12.2018 13:59

Мечевите во втората фаза по групи почнуваат на почетокот на јануари, ќе се игра до стартот на февруари, по што следува елиминациската фаза.

Екипите на Монако и на Андора, како првопласирана и второпласирана од групата А, ќе играат во Топ 16 фазата во Еврокупот на УЛЕБ.

Французите на клупата ги предводат македонските тренери Сашо Филиповски и Боби Митев, а во редовите на АЦБ (Шпанија) лигашот Андора настапува натурализираниот репрезентативец Шејн Витингтон.

Мечевите во втората фаза по групи почнуваат на почетокот на јануари, ќе се игра до стартот на февруари, по што следува елиминациската фаза.

Најдобрите две екипи од секоја од четирите групи продолжуваат во четвртфиналето, по што се играат полуфинале и финале, сите серии се до две победи од максимални три натпревари.

Фото: eurocupbasketball.com