Калајџиев: Политиката се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија
Универзитетскиот професор Калајџиев тврди дека не сретнал амнестија каде се постапува врз основа на Закон што го донел Собранието по мислење на обвинител, со решение на суд и по барање на обвинетите...

Политиката сѐ уште се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија, смета универзитетскиот професор Калајџиев. Тврди дека не сретнал амнестија каде се постапува врз основа на Закон што го донел Собранието по мислење на обвинител, со решение на суд и по барање на обвинетите.
Чудно решение, вели, кое ќе влече правни последици. Калајџиев посочува дека политичарите сѐ уште не го достигнале нивото на политичка култура да успеат да се воздржат од вакви постапки.
И за граѓанскиот сектор, последниов закон има правни нелогичности. Правниот советник на Здружението за кривичнo право, смета дека законот има конфузни одредби за улогата на судот и обвинителството, но во случајот, сепак, има политички прагматизам.
Собранието со 95 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27-ми април минатата година. Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.
Фиљана Кока
