Спасовски најави зајкнување на борбата против корупцијата
Новите членки на Унијата мора да бидат стабилни, односно во нив да владее на правото, демократијата и да се спроведуваат реформите, бараат претставници на фински фондации. Градиме систем кој нема да зависи од политичарите, оцени министерот за внатрешни Спасовски...

Убеден сум дека нашите напори ќе ја постигнат вистинската цел – испорачување на конкретни резултати во борбата против организираниот криминал, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на дебатата за Европската унија. Најави зајакнување на борбата против корупцијата и откривање нови случаи следната година. Уверува дека се работи на ефикасен систем за конфискација на имот, зашто во последните 27 години имало само три такви случаи.
ЕУ бара владеење на правото, стабилна демократија и успешни реформи. Мора да се осигураме дека новите земји- членки се на стабилна основа, вели Каиса Емилија Пени од Финска, земја која од јуни ќе преседава со Унијата.
За потрбата од забрзување на реформските процеси и справување со предизвиците за владеење на правото, алармираа од невладиниот сектор.
Заклучокот е дека фокусот треба да се насочи на спроведувањето, а не само на носењето стратегии и закони.
Наташа Гркова- Петрушевска
