Путин: Русија не посакува натпревар во вооружувањето
Годинава Путин одговараше на прашања во врска со затегнатите Руско- американски односи, за односите со западот како целина, кризата во Украина, економијата, зголемувањето на цените на комуналните услуги...
Русија не посакува натпревар во вооружувањето, туку се стреми кон одржување на балансот во геостратегиската сферата, изјави рускиот претседател Владимир Путин одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната годишна прес- конференција во Кремљ.
За настанот беа акредитирани над 1.700 новинари од речиси сите руски региони, како и од Азија, Европа и Америка. Ова е 14- та прес- конференција на Путин откако дојде на власт во 2000-та година.
Годинава Путин одговараше на прашања во врска со затегнатите Руско- американски односи, за односите со западот како целина, кризата во Украина, економијата, зголемувањето на цените на комуналните услуги, непопуларната пензиска реформа.
