„Театар комедија“ во стариот објект на МНТ со извонредни претстави
Со одлука на Владата објектот на театарот „Центар“, каде што претходно беше сместен Македонскиот народен театар, е доделен на НУ „Театар комедија“, кој досега функционираше во просториите на Драмскиот театар.
По тој повод, „Театарот комедија“ утревечер во 20 часот во новиот простор организира настан насловен „Микс на среќата“, кој е компилација на шест претстави по 15 минути со кратки интермеца.

Ова денеска го истакнаа министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која го посети новиот простор на „Театарот Комедија“ и директорката на „Театарот Комедија“, Јелена Жугиќ.