Собраниска расправа

Спротивставени ставови за државната каса за 2019-та

20.12.2018 15:40

Ова е најголемиот буџет досега реагираа пратениците од опозициската ВМРО- ДПМНЕ на седницата за Предлог- буџетот за 2019-та година. Расходите се зголемени за 10 проценти повеќе од лани. Државата повторно се задолжува. За СДСМ буџетот го отсликува домаќинското работење на владејачката коалиција...

Спротивставени ставови за Предлог- буџетот за 2019- та. Опозицијата обвинува дека власта се задолжува и оти е скроен најголемиот буџет досега, со расходна страна зголемена за 10 проценти во однос на годинава. Катастрофално е нивото на реализација на капиталните инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетот го отсликува домаќинското работење, ќе има повисоки плати, намалување на невработеноста, поддршка на бизнис-секторот, велат од СДСМ.

На седницата дебата и за новиот Закон за трговија на зелените пазари. Се дебатираше за буџетот и за парите за справување со загадувањето, поддршката за социјалните категории, за состојбите во здравството, иселувањето.

Државната каса за в година ќе тежи 3,7 милијарди евра. Буџетскиот дефицит изнесува 2,5 насто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 процента.

 

Дијана Ценевска