Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија
По усвојувањето на предлог- амандманите, матичната комисија продолжи со работа. Расправата повторно без опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На дневен ред- уставниот закон за спроведување на решенијата. Отфрлени се предлозите со кои се бараше бришење на македонското државјанство, прифатено допрецизирање за етничката припадност, за границите и за гаранциите за спроведување на договорот...

Согласно со спогодбата од Преспа, документот веднаш да се ратификува во грчкиот парламент, во спротивно уставните измени да не се имплементираат, предложи независната пратеничка Канческа- Милевска. Заменик- министерот за надворешни работи Жерновски, образложи дека државјанството ќе биде македонско, односно граѓанин на Република Северна Македонија.
Со формулацијата за државјанството не се согласуваат пратениците од Алијансата на Албанците и од БЕСА. Сметаат дека се губи смислата на Уставот, се создава поделба на граѓаните на Македонци и други, и дека се гради моноетнички национален концепт.
Прифатен амандманот за границите. Во Уставниот закон се именуваат државите со кои граничи Република Македонија.
Според најавите, пленарната седница за уставните измени треба да се одржи на 9-ти јануари, а гласањето да биде во средината на идниот месец.
Миле Ристески
