Вашингтон

Матис поднесе оставка од функцијата

21.12.2018 10:45

Матис на оваа одлука се реши поради разијдувањето со американскиот претседател Трамп по одлуката за повлекување од Сирија.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис поднесе оставка и кон февруари ја напушта функцијата. Матис на оваа одлука се реши поради разијдувањето со американскиот претседател Трамп по одлуката за повлекување од Сирија.

Трамп на Твитер напиша на дека претходно Матис писмено го известил за оставката, поради тоа што, како што навел, неговите ставови и погледи. Матис беше гласен критичар на администрацијата на Обама и на неговата политика кон Блискиот исток, пред се кон Иран.

Се уште не е познато кој ќе го замени американскиот министер за одбрана. Американските воено-политички аналитичари порачуваат дека Москва и Техеран ја преземаат главната улога во Сирија по одлуката на Вашингтон.