Србија

Воз преполови автобус, има мртви и повредени

21.12.2018 11:44

Се стравува дека меѓу повредените има повеќе деца бидејќи автобусот на кој налетал возот ги носел на училиште.

Најмалку пет лица загинаа, а повеќемина се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Ниш. Инцидентот се случил кога воз удрил во автобус и буквално го преполовил. Меѓу жртвите има и едно дете.

Се стравува дека меѓу повредените има повеќе деца бидејќи автобусот на кој налетал возот ги носел на училиште.

На лице место се пожарникари и спасувачки служби. Медиумите соопштуваат дека шест лица биле потешко повредени, а вкупно биле хоспитализирани 26 лица.