Почна санацијата на мостот Гемиџии во Велес
02.03.2014 19:03
Се бројат месеците до кога мостот Гемиџии во Велес ќе стои потпрен на привремените железни скелиња. Безбедноста на главната градска артерија и досега небеше загрозена но по санацијата која започна денеска мостот добива трајна стабилност.
„Комплетно вадење на долниот слој до носивата армирана бетонска градба и слој на самиот мост, горната страна ќе се вади цел асфалт и оградата, а ке се попстави нов“,рече Љубчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта .

„Се надевам дека во скоро време во согласно со начинот на изведбата и времетраењето, велешани во наредните педесет години ќе немаат никаков проблем со комуникацијата“, рече Славчо чадиев, градоначалник на општина Велес.
Пред седум години се појавија пукнатините кои од година во година се ширеа.Нивната санација ќе чини 33 милиони денари.
„Ове е еден од најскапитре инфраструктурни проекти кои во овој период ке се прави во Велес со средства од буџетот на Република Македонија во координација со локалната самоуправа“, рече Илија Димовски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Мостот Гемиџии е стар половина век, овие градежни зафати се први посериозни . До крајот на оваа годината ќе има нов лик. Додека градежниците работат од едната до другата страна на Велес со автомобил ќе се стигнува преку Стар мост.