Нант загуби од ПСЖ и не успеа да стане лидер

21.12.2018 13:36

Мечот беше решен во последните секунди со гол на данскиот репрезентативец Микаел Хансен, за триумф на ПСЖ со 29:30 и за задршување на првото место во поредокот со +3 бода. Со победа, Нант ќе имаше бод предност.

Во француското дерби кое што решаваше за врвот на табелата, екипата на нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров беше поразена од најголемиот ривал за титулата, тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес.

Мечот беше решен во последните секунди со гол на данскиот репрезентативец Микаел Хансен, за триумф на ПСЖ со 29:30 и за задршување на првото место во поредокот со +3 бода. Со победа, Нант ќе имаше бод предност.

Лазаров постигна 6 гола и беше втор стрелец во редовите на неговата екипа, зад Валеро Ривера кој што постигна 7 гола. Хансен реализира 10 погодоци и беше најдобриот стрелец на мечот.

ПСЖ на врвот има 25 бода, пред Нант со 22, а Монпеље и Шамбери имаат по 21 бод.

Првите три екипи во францскиот шампионат беа учесници на последниот ЕХФ Фајнал Фор, заедно со Вардар, каде што триумфира Монпеље.

Фото: Le Parisien