МЗТ царува со АБА2 лигата

21.12.2018 13:37

Во победата кај Хелиос со 73:92 во 12-та рунда, Србинот имаше 35 поени, 11 скока, една асистенција и една украдена топка.

Андрија Бојиќ, српскиот интернационалец во редовите на македонскиот вицепрвак, го освои признанието за најкорисен играч на колото во АБА2 лигата.

Во победата кај Хелиос со 73:92 во 12-та рунда, Србинот имаше 35 поени, 11 скока, една асистенција и една украдена топка.

Играчот на штрковите воедно е и најдобар стрелец на колото, хрватскиот интернационалец Иве Иванов беше втор додавач со 9 асистенции, а Андрај Магдевски беше прв во категоријата украдени топки со три зад неговото име.

Фото: Helios Suns/Gasper Papez