Лондон

Повторно отворен аеродромот „Гетвик“

21.12.2018 14:04

Аеродромските власти ги повикаа патниците да го проверат статусот на летот пред да тргнат на аеродромот „бидејќи постои можност за одложување и откажување на поаѓањето и доаѓањето“.

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ соопшти дека е повторно отворен откако повеќе од 24 часа беше затворен поради дронови кои летаа над пистата, поради што десетина илјади патници останаа заглавени на аеродромот во екот на празничната сезона.

Аеродромските власти ги повикаа патниците да го проверат статусот на летот пред да тргнат на аеродромот „бидејќи постои можност за одложување и откажување на поаѓањето и доаѓањето“.

Британската полиција соопшти оти верува дека во прашање е намерен чин, но дека нема знаци на поврзаност со тероризам.