Изложба на украсни птици
Македонската масарка, шарпланинскиот пеач, македонскиот вртач - дунек. Ова се домашнте афтохтони сорти кои беа претставени на 8-мата изложба на украсни птици што се одржа во Брвеница.
Во организација на здружението „Дијамантски петел“ на едно место се собраа македонските одгледувачи со над 700 експонати.
Македонската масарка, шарпланинскиот пеач, македонскиот вртач - дунек. Ова се домашнте афтохтони сорти кои беа претставени на 8-мата изложба на украсни птици што се одржа во Брвеница.
Во организација на здружението „Дијамантски петел“ на едно место се собраа македонските одгледувачи со над 700 експонати.
„Пред неколку години дојде една навистина убава идеа, со поддршка од врвни познавачи и одгледувачи од соседните држави, за да се промовира она што е наше традиционално и афтохтоно, односно што долги години се одгледува на ова поднебје“, изјави Ванчо Илиевски – Претседател на здружение „Дијамантски петел“.
Одгледувачите се задоволни од квалитетот на експонатите. Со секоја следна изложба, велат, организацијата е на повисоко ниво.
„Од година во година изложбата е се поголема, има голема посетеност и доста експонати“, рече Владан Јованоски – Одгледувач од Тетово.
„Има солидни одгледувачи и тоа од повеќе градови од цела Македонија“, вели Киро Павлоски – Одгледувач од Крушево.
„Мислам дека е се најдобро, имам експонати и добив шампион, јас одгледувам гулаби“, вели Фатмир Реџе – Одгледувач од Скопје.
„Изложбата секоја година ќе биде се подобра“, смета Менсур Абази – Одгледувач од Тетово.
Според мислењето на оценувачите, македонските сорти достигнале квалитет со кој одгледувачите можат да се претстават и на меѓународните изложби.
„Квалитетот оди во нагорна линија, тоа го потенцираме секоја година, имаме се подобри одгледувачи и експонати“, смета Тане Србиноски – Оценувач од Охрид.
Нашите одгледувачи учествуваат на изложби во земјите од нашево соседство. Со зачленување на македонскиот Сојуз на одгледувачи во европскиот ќе се отвори можноста за учество и на големите светски изложби.
Зоран Јованоски
Снимател: Даниел Евросимоски
