Економија

Стабилен градежен сектор за севкупен економски раст

21.12.2018 14:22

Наскоро се очекува да бидат донесени Законите за урбанистичко планирање и Законот за градба. Со ова, велат надлежните, ќе се решат спорните моменти во деталните урбанистички планови. За идната година се предвидени 418 милиони евра за капитални проекти. Од Градежната комора очекуваат раст во во градежништвото од февруари наредната година...

Наскоро се очекува да бидат донесени законите за урбанистичко планирање и законот за градба. Комората очекува да се најде решение за спорните моменти во реализацијата на деталните урбанистички планови, по што би се засилиле градежните активности.

Од Комората на Северозападна Македонија бараат крај за мораториумот на градбите во општина Центар и стопирањето на ДУП-овите.

Општините во целост ги добија ингеренциите за градбите на локално ниво, велат од ресорното минстерство.

Бизнис- секторот со став дека треба да се направат измени во Законот за јавни набавки кој ќе ги опфати и фирмите што ќе градат и изведувачите.

За идната година се предвидени 418 милиони евра за капитални проекти. Според надлежните, планираните градежни инфраструктурни зафати ќе овозможи раст на домашната економија.

 

Дијана Ценевска