Политика

Откочена процедурата за носење на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги

21.12.2018 15:22

Откочена процедурата за носење на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Опозицијата тврди- не секаме да стоиме на патот на реформските процеси, со амандмани ќе се подобрува текстот на решението. За власта, новиот закон ќе придонесе за подобрување на состојбите во медиумите...

По неколку месечна стагнација во Собранието, се разгледуваа предлог амандманите за Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Целта e со измените е да се избегне политизација во медиумскиот простор, изјави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, според кого шансата треба да се искористи.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат, не сакаме да сме кочничари на реформските процеси. Сметаат дека со нивните амандмани се подобрува текстот на законот.

Постигнат е договор меѓу власта и опозицијата до Нова година законот да биде изгласан во Собранието.

Миле Ристески