МВР

Полицијата постапува по синоќешната престрелка во Чаир

21.12.2018 15:38

Полицијата постапува по синоќешната престрелка во скопски Чаир, во која беше повреден економскиот директор на скопска Гинекологија, Ваљон Беља. Учесниците во инцидентот се идентификувани. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со критики на адреса на МВР, власта тврди дека стапката на криминал се намалува...

Економскиот директор на скопска Гинекологија, Валон Беља е ранет со два куршума во ногата. Министерството за внатрешни работи со детали за пукотницата во Чаир. Инцидентот се случил во 17.45 на улицата „Лазо Трпевски“. Напаѓачот бил заедно со уште тројца, за кои МВР потврди дека се идентификувани. Засега мотивот е она што е непознато. Повредениот директор е хоспитализиран во општата болница „Св. Наум Охридски“.

И додека во јавноста се говори за внатрепартиска пресметка во ДУИ, партијата молчи. Се огласи опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, зачестеното насилство на улиците се должи на партизацијата на министерството и нестручното раководење со ресорот.

Од СДСМ одговараат- стапката на криминал се намалува, а надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни и тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни – се вели во реакцијата на СДСМ.  

 

Анита Димитријевска