Почна процедурата Марковите кули да се најдат на постојаната листа на УНЕСКО
Комплексот Маркови кули да се најде на постојаната листа на УНЕСКО. Во прилеп отворена јавна дебата. Треба да се усвои план за управување со заштитеното подрачје...

На споменикот на природата со уникатните геоморфолошки форми- Марковите кули му треба Планот за управување и меѓународна валоризација на неговото културно богатство за да стигне на постојаната листа на УНЕСКО, констатираа учесниците на јавната дебата за овој раритетен комплекс.
Природната реткост е неспорна, а тука се и културните вредности - Трескавец, тврдината Маркови кули, подрачјето на Варош со бројните цркви. Со современа компјутерска технологија, тридимензионално снимање на просторот, ќе почне инвентарот на богатството на Марковите кули.
Планот за управување е во финална фаза со посебен акцент на геоморфолошките форми, нивната заштита уредувањето и експлоатацијата на локалитетот за заштитата на сѐ што е уникатно. За да се биде на постојаната листа на УНЕСКО е комплексен процес. Стагнираше зашто немаше План за управување.
Од 2006-та година „Марковите кули“ се со закон прогласени за споменик на природата.
Елизабета Митреска
