Средба Вучиќ- Ципрас во Белград

21.12.2018 16:11

Патот кој го отвори Преспанскиот договор е пат кој што Србија го поддржува, изјави Вучиќ на средбата со Ципрас во Белград. Можна трилатерална средба меѓу Грција, Србија и Македонија за железникото поврзување...

Македонија и Преспанскиот договор една од темите на средбата на Претседателот Александар Вучиќ и премиерот Алексис Ципрас, во рамките на Високиот совет за сорботка меѓу Србија и Грција.

„Преспанскиот договор да се спроведе во дело и Северна Македонија да стане мост на соработка меѓу Србија и Грција. Сакаме да укажеме дека патот кој го отвори Преспанскиот договор е пат кој што Србија го поздравува и подржува“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Р. Србија.

Тој нагласи дека еден од проблемите во поглед на инфраструктурното поврзување меѓу Србија и Грција е железничкиот сообраѓај, односно брзите возови, за што уверен дека заедно со Скопје и со Атина- упешно ќе се реши.

„Доколку се се заврши како што денес договоривме и како што се очекува во врска со спроведувањето на Преспанскиот договор, во наредниот период би можеле да одржиме трилатерална средба меѓу Атина, Скопје и Белград, што ќе има голем значај за нашите земји“, изјави Вучиќ.

Грчкиот премиер ги подржа напорите на Србија за компромисно решение за Косово, оценувајќи дека Грција игра улога на стабилизатор во регионот, што е потврдено со Преспанскиот договор.

„Нема да претерам ако кажам дека ПЈРМ, 30 години преставуваше сива зона меѓу Србија и Грција. По Преспанскиот договор таа повеќе нема да биде ѕид меѓу нас, туку мост за поврзување. Првиот меѓународне договор кој Грција ќе го склучи со Севрна Македонија, ќе биде трилатерален договор меѓу Атина, Скопје и Белград, со кој забрзано би се изградил еден железнички коридор, за поврзување на Солун, Скопје, Белград со Будимпешта“, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Ова ќе има позитивни влијанија врз развојот на туризмот, економијата, културата во регионот- оцени Ципрас.

На денешната средба покрај инфраструктурното поврзување, двајцата лидери разговараа за енергетиката, стабилноста во регионот и подршката на европскиот пат на Србија.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ