Хрватите и Бугарите доминантни во Маврово

02.03.2014 18:18

Без, па со снег, во два дена со неколку годишни времиња, на падините на „Бистра“ се одржа традиционалниот „Мавровски меморијал“. на 51-то издание на манифестацијата во нордиско трчање, во денешната зимска идила на патеката „Мирна долина“, медалите на пет километри заминаа во две земји. Еди Дадиќ од Хрватска беше побрз за четири секунди од Бугаринот Андреј Гридин во завршниот спринт, а на третото место на подиумот се качи уште еден Хрват – Андреј Буриќ. Кај дамите двојна победа забележа Бугарија.

Без, па со снег, во два дена со неколку годишни времиња, на падините на „Бистра“ се одржа традиционалниот „Мавровски меморијал“. на 51-то издание на манифестацијата во нордиско трчање, во денешната зимска идила на патеката „Мирна долина“, медалите на пет километри заминаа во две земји. Еди Дадиќ од Хрватска беше побрз за четири секунди од Бугаринот Андреј Гридин во завршниот спринт, а на третото место на подиумот се качи уште еден Хрват – Андреј Буриќ. Кај дамите двојна победа забележа Бугарија. ланската победничка Теодора Малчева прва мина низ целта пред сонародничката Антонија Бургова, а во победничкото трио се најде и Хрватката Ведрана Малец.

Од петнаесеттемина македонски претставници, и денеска најдобро трчаше нашиот олимпиец Дарко Дамјановски. Тој беше петти во конкуренција на 45 нордијци што се појавија на патеката. Марија Коларовска не ја заврши трката поради повреда, па Росана Кировска беше единствена претставничка на нашето женско нордиско скијање. На крајот заврши деветта.

„Не сум доволно подготвен. Крај е на сезоната, заморен сум и мислам дека веќе не можам да ја поправам формата“, самокритичен и реален беше нашиот олимпиец Дарко Дамјановски.

Традицијата продолжи. Македонија им оддаде почит на загинатите мавровски работници, но од спортски аспект целта е меморијалот уште повеќе да расте.

„Проекцијата и она што го видовме во минатите два дена мислам дека се приближни. Ја кренавме манифестацијата на повисоко ниво, но целта е да одиме уште понапред“, рече претседателот на „Мавровскиот меморијал“ Кочо Кираца...

Македонските нордијци беа добри домаќини, им го препуштија пиедесталот на гостите. Следната година се надеваме дека резултатски ќе биде подобро.