СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше погубни политики
24.12.2018 13:25
Според партијата, за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше укината евтината дневна тарифа на струјата, а електричната енергија поскапе за 100 проценти.

Погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката го зголемија загадувањето, велат од СДСМ.
Според партијата, за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше укината евтината дневна тарифа на струјата, а електричната енергија поскапе за 100 проценти. Наспроти штетите на Мицкоски, интезивно се спроведува проектот за гасификација, се враќа изгубеното зеленило.
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции секојдневно преземаат мерки за решавање на проблемот со аерозагувањето, се вели во соопштението од СДСМ.
