ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се плашат за својата безбедност

24.12.2018 13:26

Според партијата, македонските граѓани сакаат власт која ќе се грижи за редот, мирот и безбедноста, а не Влада која го заштитува криминалот. Оливер Спасовски докажа дека е најнеспособниот министер за внатрешни работи и симбол за политички прогон.

Нерасчистените убиства, кражбите и физичките пресметки станаа секојдневие за граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, македонските граѓани сакаат власт која ќе се грижи за редот, мирот и безбедноста, а не Влада која го заштитува криминалот. Оливер Спасовски докажа дека е најнеспособниот министер за внатрешни работи и симбол за политички прогон.

Затоа мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и црнилото кое ја зафати Република Македонија со СДСМ да заврши што поскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.