До утре рок за поднесување барања за амнестија

24.12.2018 13:30

Од Кривичниот суд информираат дека досега се поднесени 12 барања. По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

До утре, обвинетите за собраниските настани од 27-ми април лани, можат да поднесуваат барања за амнестија до скопскиот Кривичен суд. Оттаму информираат дека досега се поднесени 12 барања. По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Согласно со законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и оние што ги пречекориле службените овластувања.

Законот за амнестија во четвртокот беше објавен во Службен весник, откако указот го потпиша претседателот Иванов.