Стох пак на врвот
Полјакот Камил Стох го доби второто поединечно натпреварување викендов на големата скокалница во Лахти и со петтата победа сезонава повторно изби на чело на генералниот пласман во Светскиот Куп во скијачки скокови.
Со далечини од 131 и од 134,5 метри, тој собра 3.6 бода повеќе од Германецот Зеверин Фројнд. Славеникот на последните два натпревара, во Фалун и во Лахти, оствари должини од 131,5 и од 129,5 метри, додека првиот пласман на пиедесталот по јануари го забележа Австриецот Грегор Шлиренцауер. Собра 10.8 бода помалку од Стох, со скоковите од 126 и од 130 метри.

Одличен ден во финскиот зимски центар имаа Австријците. Штефан Крафт беше четврти, Андреас Кофлер петти, Михаел Хајбек седми, а Томас Дитхарт осми. Само шестото место го освои Словенецот Петер Превц, кој сега е втор во севкупниот поредок со 55 бода помалку од лидерот Стох. На пет натпреварувања до крајот на сезоната, Полјакот води со 1131 бод, а Превц има 1076. Фројнд е трет со 907. Теоретски шанси имаат и Јапонецот Норијаки Касаи, кој е четврти со 835 и Шлиренцауер на петтото место со 775 бода.
Во рамките на скандинавската турнеја, веќе за вторник е закажан натпреварот во Куопио, в петок се возбудувањата во Трондхајм, а за наредната недела е предвиден и натпреварот на легендарниот Холменколен во Осло.