Горивата поевтинуваат за половина денар
Бензинот од 95 октани ќе се продава за 61 денар за литар, оној од 98 октани е два денара поскап, новата цена на дизелот изнесува 58 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 46,5 денари за литар.

Од ноќеска на полноќ, цените на бензините, дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар. Поевтинува и мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот од 95 октани ќе се продава за 61 денар за литар, оној од 98 октани е два денара поскап, новата цена на дизелот изнесува 58 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 46,5 денари за литар.
Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,83 проценти како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.
